Ц. Звезда рутински победи во АБА, Сплит слави во хрватската пресметка

Кошаркарите на Црвена Звезда славеа во дуелот со Мега Баскет (81-72) во рамките на 23. коло на АБА лигата. „Црвено-белите“ од Белград рутински ја одработија својата задача и стигнаа до осумнаесетта победа во јадранското натпреварување.

Прво име во победата на фаворитот беше Филип Петрушев кој имаше „дабл-дабл“ ефект со 16 поени и 12 поени. Во таборот на Мега се истакна Миљеновиќ со 15, а Јелавиќ уфрли 14 поени и десет поени. 

Во хрватската пресметка Сплит ја совлада Цибона со 88-82. Домаќинот беше поубедлив во првиот дел и имаше двоцифрена предност, а иако Цибона парираше во продолжението не успеа да се врати во целост. 

Најдобар на теренот беше Радовчиќ од таборот на поразените со 23 поени, додека кај Сплит се истакна Кучиќ со 21.