• Мартин Танасковски
Црвена Звезда и Партизан одиграа спетакуларен натпревар во Купот на Србија, кој заврши со победа на црвено-белите (89-83), за петта титула по ред на тимот во натпреварувањето, или вкупно единаесетта.
Жестоко навивање, полна сала, пиротехника и атрактивни потези го одбележаа супер-дербито кое овој пат не беше во европски ранг, туку на домашната сцена во Србија. Како и секогаш, се играше неизвесно до финишот, реши последна топка.
Звезда имаше напад за победа, Џонс со рампа спречи поени, па на спротивната страна токму тој изнуди слободни фрлања преку Кенан, на три секунди до крајот. Првото го промаши, следеа протести дека некој порано влегол во рекетот и имаше долг прекин. Џонс се извади за промашеното, го погоди второто и така донесе продолженија. Во екстра-времето, разликата ја направи Коди Милер-Мекинтаер кој во последните минути врза седум поени.
Најдобар стрелец кај Црвена Звезда беше Петрушев со 18 поени, го следеше Кенан со 13, а Калиниќ даде 12 поени, додека кај Партизан, Карлик Џонс имаше 34 поени, пред Маринковиќ со 13 поени.

