Ц. Звезда остана во Белград, нема АБА-дерби во Подгорица

Екипата на Црвена Звезда одлучи да не отпатува за Подгорица каде требаше да игра АБА-дерби со црногорскиот претставник Будуќност.

Белграѓани не отпатуваа за Црна Гора и со вториот дневен лет, затоа што не добиле гаранција за безбедност. Во земјата ситуацијата е небезбедна, па затоа претседателот Небојша Човиќ соопшти дека нема да се се патува на АБА-дербито.

Натпреварот меѓу Будуќност и Црвена Звезда требаше да се игра вечерва, од 18:00 часот во салата „Морача“.