ВИДЕО: Ц. Звезда на „американски погон“ ја среди Игокеа во АБА-полуфиналето

Српска Црвена Звезда ја оствари целта и славеше над Игокеа (76-61) во првиот меч од полуфиналната серија во регионалната АБА-лига.

Белграѓани имаа проблеми во овој натпревар, но до посакуваниот триумф дојдоа во последниот квартал кога нападот и одбраната беа феноменални, па се надополни негативата. Во последните десет минути, Црвена Звезда прими само шест поени, наспроти дваесет постигнати.

Најдобар кај стрелците беше Лојд со 21 поен, пред Волден со 13 поени, додека кај Игокеа, Атиќ имаше 15 поени, пред Јовановиќ со девет постигнати поени.

Следниот меч од серијата се игра во БиХ, а е закажан на 7 мај.