• Мартин Танасковски

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ отпатува со Црвена Звезда за Ниш каде се игра завршницата од Купот на Србија, но нема да добие целосна минутажа иако тренира во полн ритам со екипата.
Антиќ беше повреден подолго време, што се почувствува на играта на белградскиот колектив во Евролигата. Тој се враќа во тимот, но тренерот Алимпијевиќ ќе го користи само по потреба. Од Србија велат дека Антиќ ќе се користи само при евентуален пласман на гигантот во финалето, а доколку е потребно, ќе се активира и во полуфиналето.
Завршницата од Купот на Србија се игра од 15 до 18 февруари, а прв противник на Звезда во рамки на четвртфиналето е екипата на Борац.