Ц. Звезда го среди Будуќност во „мајсторката“ и петти пат ја освои АБА!

Кошаркарите на Црвена Звезда си обезбедија петти трофеј во АБА лигата, откако со 3-2 го совладаа црногорскиот Будуќност во финалната серија. Денешната „мајсторка“ во Белград беше изедначена, ама Црногорците немаа сили за нов подвиг и загубија со 67-60. Откако Будуќност се врати по двата воведни порази, традицијата продолжи и серијата заврши без брејк со славје на белграѓани. 

Стартот од мечот беше испитување на силите, со промена на водството и тесен резултат. Звезда заигра за нијанса посигурно до полувремето, ама пак не успеа да се одлепи и направи осетна предност. На пауза заминаа со пет поени плус (33-28), па јасно беше дека следи драма. 

Трилерот продолжи и во вториот дел, Звезда поведуваше, а Будуќност ја „топеше“ негативата до самиот крај. Голем исчекор кон победата во финалето „црвено-белите“ направија кога поведоа со девет поени, ама гостите пак не се откажаа. Можеби клучен момент беше храбрата тројка на Џордан Лојд на пет поени предност за Звезда. До крајот, со многу прекини во завршните минути домашниот тим се радуваше на нова титула, петта на Јадранот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Кобс од Будуќност беше најпрецизен со 21 поен, но далеку покорисен беше Ноко од Звезда кој имаше „дабл-дабл“ од 17 поени и 12 скокови, а добра партија пружија и Лојд (15) и Добриќ (11).