Ц. Звезда го скрши мразот на гости со Ивановиќ, пораз за Партизан кај Барса

Екипата на Црвена Звезда го чувствува ефектот на новиот тренер Душко Ивановиќ и го скрши мразот во Евролигата на гостински терен, со триумф кај Алба од Берлин во рамки на деветтата рунда по продолженија (75-75 регуларен дел, 84-88 крај).

Ова беше трета победа за белграѓани во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување, втора во низа. Претходно, првакот во регионот ги победи Баерн Минхен и Авсел, но пред своја публика.

Аргентинецот Вилдоза беше најдобар со 21 поен, пред Недовиќ со 17 поени, додека кај бундеслигашот натурализираниот Хрват Смит даде 28 поени со уште осум скока зад своето име.

Партизан не успеа да изненади и загуби кај фаворизираната Барселона (79-68). Тимот на Жељко Обрадовиќ доживеа пораз пред се поради лошата втора четвртина која ја заврши со двоцифрен дефицит. Лапровитола со 13 и Саторански со 11 беа најдобри кај Барса, а кај српскиот тим Анѓушиќ реализира 23 поени.

Макаби Тел Авив на домашен терен го совлада Олимпијакос (90-84). Во возбудлив натпревар, казнената експедиција на Димитрис Итудис, екипата на Фенербахче, победи во драматичен меч кај Монако (93-96). Триумфира и Анадолу Ефес кај Милано (80-51), како и Реал Мадрид кај Валенсија (80-73).

Преостанатите натпревар од ова осмо коло се играат во текот на утрешниот ден.