ВИДЕО: Црвена Звезда го доби Будуќност и поведе во финалето на АБА лигата

Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Будуќност со 82-78 во својата сала „Александар Николиќ“ и поведоа во финалната серија на АБА лигата. 

„Црвено-белите“ сосема заслужено триумфираа против црногорскиот гостин, имаа целосна контрола врз резултатот и речиси константно водеа. Уште на стартот Звезда стигна до девет поени предност, ама Будуќност покажа карактер и се врати. До паузата се играше изедначено, иако Србите имаа контрола врз резултатот. 

По паузата пак остана сè исто, Звезда поведуваше, а Будуќност се враќаше. На стартот од последниот период домаќинот поведе со највисоки +15, ама и од таа негатива Црногорците се вратија. Во драматичен финиш на мечот, Црвена Звезда триумфираше и поведе во серијата подобар од три. 

Рид од Будуќност се истакна со 26 поени и 10 скокови за „дабл-дабл“ учинок, додека кај Звезда со по 23 поени и шест скокови беа Добриќ и Лојд.