Бутел со „брејк“ во Штип избори историско финале и ќе игра за Суперлига!

Екипата на Бутел ќе игра во финалната серија од доигрувањето за место во Супер лигата, откако вечерва како гостин, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, славеше во „мајсторката“ против Соколи 1933 со 83-86.

По втор пат во рок од една седмица кошаркарите на Бутел покажаа дека се подготвени да одат до самиот крај, односно да се борат за место во елитната конкуренција. И по втор пат излегоа како победници во дуелот со подобро рангираниот состав од Штип. При резултат (83-84), се во своите раце презема младиот Андоновски, кој на неколку секунди пред крајот на играта, положи за конечни (83-86).

Шанса да го однесе натпревар во продолжение имаше, но не ја искористи, искусниот Караколев, па големото славје на гостинската екипа можеше да почне. Интересно, ниту една до двете екипи во оваа серија не успеа да ја искористи предноста која ја носи играњето на домашен терен. А на овој втор меч во Штип, во кој гостинската екипа беше сериозно хендикепирана со неиграњето на двајца стартери, како Киров и Атанасов.

Тимот до победата го предводеше Хот со 27 поени, искусниот Јанески имаше 15 поени, Андоновски заврши со 14, а 13 поени уфрли капитенот Мартиноски. Кај домашните се истакна Митевски со 15, додека по 14 поени имаа Караколев и Костадинов.

Во финалето кое ќе го даде новиот учесник во Супер лигата, екипата на Бутел ќе игра против Струмица, која претходно во два натпревари беше подобра од велешки Борец.