• Иван Димовски

Кошаркарите на Бутел ја израмнија финалната серија во плеј-офот од Првата македонска лига, откако на домашен терен ја совладаа Струмица со 85-77 за 1-1 во серијата.
Победникот беше решен во последната четвртина, која домашниот тим ја доби со 22-12 и направи пресврт по негативата од 63-65 по три периоди.
Најефикасен кај Бутел беше Киров со 22 поени, Мартиноски постигна 19, Јанески додаде 11, додека Хот и Атанасов реализираа по десет поени. Кај Струмица се истакнаа Јовановиќ кој уфрли 19 поени и Александровски запиша 18, а Пандев натпреварот го заврши со 17 поени.
Третиот и решавачки натпревар, кој ќе го даде новиот суперлигаш, ќе се игра викендов во Струмица.