Бунт во ЛА Клиперс: Играчите љубоморни на „разгалениот“ Каваи Ленард

Ленард

Екипата на Лос Анџелес Клиперс важеше за прв фаворит за освојување на НБА титулата во изминатата сезона. На крај, Док Риверс заработи отказ, а тимот беше елиминиран во второто коло од плеј-офот, испуштајќи предност од 3-1 во дуелот со Денвер Нагетс.

Еден месец по овој пораз, јавноста во Соединетите Американски Држави доби детали од случувањата во соблекувалната на „клиповите“. Некои од кошаркарите наводно биле љубоморни на Каваи Ленард и лути на екипата поради третманот кој го има кон својата прва ѕвезда.

Играчи како Патрик Беверли, Монтрези Харел и Лу Вилијамс, кои беа во ростерот пред да пристигнат двете големи ѕвезди, се налутија кога на Ленард му беше овозможен одмор на одредени натпревари со цел да биде подготвен за завршницата од сезоната. Тимот исто така му дозволи на својот играч да влијае врз Док Риверси неговите одлуки кога да го вади од игра, а исто така го толерираше секое негово доцнење на тимските летови.

Сега на тренерската клупа ќе седне Тајрон Лу, кој минатата сезона беше во улога на асистент на Риверс. Тој беше сведок на овие случувања, па сигурно нема да биде изненаден од идни инциденти, ако продолжи „разгалувањето“ на Ленард.