Бундеслигата ќе се доигра, четири града доставиле кандидатура за завршен турнир

Како што сега стојат работите, поизвесно е дека елитната германска кошаркарска лига ќе биде завршена на терен. Менаџментот на најдобрата Бундеслига донесе одлука, натпреварувањето да биде завршено на терен. Односно на еден завршен турнир на кој ќе играат десетте најдобропласирани тимови до моментот кога сезоната беше прекината.

Останува да се одлучи каде би се играл тој турнир, а во игра се четири локации. Како опции се најавени Минхен, Берлин и Франкфурт, а во последен момент кандидатска пријава испратиле и од градот Бон.

Според ситуацијата на табелата, овие десет екипи ќе се борат за титулата: Баерн, Лудвисбург, Кралсхајм, Алба, Олденбург, Фехта, Бросе Баскет Бамберг, Вирцбург, Гетинген и Улм.  

Според договорот, во Евролигата следната сезона повторно ќе играат Баерн и Алба.