Буџет колку цел мак-спорт: Колку трошат Партизан и Ц. Звезда за Евролигата?

Интернет-страницата „Баскет Њус“ направи истражување за буџетите на екипите кои играат во Евролигата, а два тима кои играат доаѓаат од нашиот регион, тоа се Црвена Звезда и Партизан Mozzart Bet.

За да играш во елитното кошаркарско друштво ти требаат многу пари, а доказ за тоа се дека Црвена Звезда и Партизан имаат буџет поголем од цел македонски спорт. Ако се земе предвид дека државата од буџетот даде нешто над 7,1 милиони евра и ако ги додадеме вложувањата на бизнисмените, може да се каже дека буџетот на двете екипи сумирано е колку цел наш домашен клупски спорт.

  • Буџетите на евролигашите за сезона 2024/25:

Реал Мадрид - 45 милиони евра
Олимпија Милано - 39 милиони евра
Панатинаикос - 37 милиони евра
Анадолу Ефес - 34,5 милиони евра
Фенербахче - 33,5 милиони евра
Баерн Минхен - 33 милиони евра
Барселона - 32 милиони евра
Монако - 29,4 милиони евра
Виртус Болоња - 25 милиони евра
Партизан - 23 милиони евра
Црвена Звезда - 22 милиони евра
Макаби Тел Авив - 19 милиони евра
Париз - 18,9 милиони евра
Жалгирис - 17,7 милиони евра
Асвел - 16,2 милиони евра
Алба Берлин - 14,6 милиони евра
Басконија - 14 милиони евра