ВИДЕО: Будуќност со рафални тројки во вториот дел го сруши Морнар

Екипата на Будуќност се разбуди во второто полувреме и со одличен шутерски ритам славеше над Морнар Бар (97-88) во првиот полуфинален натпревар во плеј-офот од регионалната АБА-лига.

Двете екипи беа резултатски блиску до 63-63, а потоа Морнар ја загуби главата. Будуќност предводен од црногорските репрезентативци Кобс и Ивановиќ влезе во ритам и со рафални тројки се одлепи на „плус осум“ (77-69), а потоа во четвртиот квартал следеше и двоцифрена предност (84-73) која се покажа како недостижна за противникот.

Кобс заврши со 22 поени, пред Ивановиќ со 18 поени, додека трет стрелец кај Будуќност беше Рид со 13 поени. Кај Морнар, одличен меч имаше Пулен со 24 поени, а поддршка му беше Бјелица со 12 поени.

Серијата се игра до три победи, а подобриот од овој натпревар ќе игра со Црвена Звезда или со Игокеа кои се наоѓаат во второто полуфинале.