Будуќност се засили со МВП на турското првенство

Екипата на Будуќност промовира големо засилување за новата сезона, во која ќе се натпреварува во АБА лигата и Еврокупот. 

Нов член на клубот од Подгорица е францускиот кошаркар Алфа Каба, кој доаѓа од редовите на Газиантеп. 26-годишникот кој настапува на центарските позиции во минатата сезона беше МВП на регуларниот дел од сезоната во Турција.

Во својата кариера Каба настапуваше за По Ортез и Мега од Србија, по што во 2017 година беше 70-ти пик на НБА драфтот од страна на Атланта Хокс. Сепак, тој не доби шанса во најсилната лига, потоа настапуваше за АСВЕЛ, Булазак и Нантер во Франција, пред да се пресели во Газиантеп. 

Каба тргнува во нова авантура во Будуќност. Клубот претходно се засили со Хејнс, Бут, Рејнолдс, Лазиќ, Илиќ и Камењаш.