ВИДЕО: Будуќност се избори за мајсторка, АБА-шампионот ќе се решава во Белград

Мајсторката ќе го реши новиот шампион во Јадранската лига во кошарка, откако Будуќност се врати од 2-0, до 2-2 во серијата со фаворитот Црвена Звезда. Црногорците славеа со 81-80, со поени буквално во последните секунди од мечот.

Црвена Звезда даде кош за 80-78 на неполни две минути до крај, но се покажа дека тоа ќе бидат последните поени за „црвено-белите“. Будуќност брзо изедначи, па поведе минимално на седум секунди до крајот.

Во последниот напад Лојд и Давидовац промашија шутеви за титула на Црвена Звезда, па ќе се игра мајсторка во Белград за новиот АБА-шампион.

Кобс беше најефикасен кај Будуќност со 22 поени, дополнети и со седум асистенции, а Митровиќ заврши со 13 постигнати поени. Кај Црвена Звезда се издвои Лојд со 23 поени и три скока.