• Горан Упале
Кошаркарите на Партизан забележаа неочекуван пораз од Будуќност во „Морача“ (81-77) во дербито од 27. коло од АБА лигата.
Партизан вторпат сезонава не успева да го совлада Будуќност, кој според сето она што го направи во досегашниот дел од сезонава заслужено се искачи на првото место на табелата во регионалното натпреварување. Избраниците на Андреј Жакељ двапати ги победија „црно-белите“, еднаш Црвена Звезда и засега еднаш Дубаи (со нив уште еднаш играат во последното коло).
Единствен расположен кај црно-белиот тим беше Карлик Џонс со 23 поени, Брендон Дејвис постигна 13 поени, додека Вања Маринковиќ постигна 11 поени.
Во тимот на Будуќност најефикасен беше Мекинли Рајт со 17 поени, Морган постигна 17 поени, додека Јоги Ферел натпреварот го заврши со 11 поени.
На кошаркарите на Партизан им претстои уште еден тежок натпревар, бидејќи во следното коло ги очекува ново „вечно“ дерби во белградска Арена, против Црвена Звезда.