ВИДЕО: Будуќност не се предава - ја победи Црвена Звезда и остана во АБА финалето

Црногорскиот шампион Будуќност не се предаде по првите два порази и го запиша првиот триумф во финалето на плеј-офот на АБА лигата. Будуќност ја совлада Црвена Звезда со 75-71 и намали на 2-1 во серијата до три победи. 

Амедео дела Вале со 17 поени беше прво име во таборот на победничкиот тим, додека кај поразената Црвена Звездам Џордан Лојд запиша 19 поени.

  • Извештај од натпреварот: 

На Црвена Звезда потребна ѝ е уште една победа, а нова шанса српскиот тим ќе има веќе в понеделник од 20:30 часот, за кога е закажан четвртиот дуел, повторно во Подгорица.

Евентуалната мајсторка би де играла во Белград на 28 мај.