Будуќност не дозволи втор „брејк“ и ја израмни серијата со Партизан

Кошаркарите на Будуќност не си дозволија втор домашен пораз и славеа против Партизан (84-73) во финалната серија во АБА лигата. Мечот во „Морача“ мина во знакот на домашните кои славеа пред серијата да се пресели во Белград. Следниот натпревар се игра во вторник во српската престолнина.

Првата четвртина од мечот во Подгорица беше во целост израмнета и заврши со 16-16. Гостинскиот тим успеа да се наметне во продолжението, поведе и двоцифрено па на пауза се замина со 31-41. 

Имаше Партизан позитива до средината на третиот период, но тогаш од 44-48 домашните направија серија од 10-0 и го презедоа водството. Будуќност заигра одлично во завршницата, се одлепи и изгради двоцифрена позитива со која на крајот и победи. 

Најефикасни на натпреварот беа Браун и Џонс со по 16 поени, додека кај Будуќност се истакнаа Омиќ со 15, Рајт со 14 и Јовановиќ со 11 поени.