Будуќност ја шокира Црвена Звезда и пак се израмни со Партизан!

Екипата на Будуќност зеде голем скалп во АБА-лигата и со победа над Црвена Звезда по продолжение (80-80 регуларен дел, 89-96 екстра-време), се изармни со лидерот Партизан кој исто така си ја заврши задачата во оваа рунда.

Будуќност водеше цел натпревар во Белград и има зошто за жали. Црногорскиот колектив заради пад во последниот квартал го врати ривалот во игра, а последната секунда Црвена Звезда можеше да дојде и до победа, затоа што Милер Мекинтаер доби слободни фрлања. Бугарскиот репрезентативец го промаши едно од двете, па така мечот во регуларен дел заврши 80-80. Во регуларниот дел, Црвена Звезда ниеднаш не водеше. Во екстра-времето, црногорскиот тим заслужено победи, а беше предводен од поентерот Рајт.

Најдобар стрелец кај победникот беше токму Рајт со 19 поени, пред Сулајмон со 17 поени, додека Танасковиќ имаше 16 поени, а кај звездашите се исткана Петрушев со 17 поени, пред трагичарот Милер Мекинтаер со 16 поени.

Партизан останува на позицијата број еден затоа што убедливо го победи Задар (100-75). Она од кое Жељко Обрадовиќ може да биде загрижен е однесувањето на еден од неговите првотимци Тајрик Џонс кој беше исклучен затоа што се судри со судијата. Најдобар стрелец кај победникот беше Лундберг со 17 поени, додека Копривница даде 16 поени, а кај Задар, Мазалин имаше 21 поен.

Партизан е на позицијата број еден во АБА-лигата со скор 18-2 по 20 кола, исто колку што има и Будуќност. Црвена Звезда е трета со 16-4.