Будуќност го отпушти тренерот Слободан Суботиќ

Словенечкиот стручњак Слободан Суботиќ претпладнево неочекувано доби отказ од тренерското место во Будуќност. Суботиќ е сменет заради лошите резултати во Еврокупот и тоа само пет дена по сензационалната победа во Белград против АБА-шампионот Црвена Звезда.

Договорен е спогодбен раскин на договорот и клубот од Подгорица веќе е во потрага по замена за Суботиќ.

„На тимот му е потребна промена за да може да се врати на победничкиот колосек и да ја продолжи сезоната во Еврокупот. Така, заедно со тренереот се согласивме дека во овој момент спогодбен раскин на договорот е најдобро решение“, велат челниците на Будуќност во официјално соопштение.

Будуќност нема победа во Еврокупот, а јасвност како неуспеси ги третира поразите од Тренто и Арка.