• Зоран Мишевски

Кајри Ирвинг сака да замине од Бруклин, и тоа веднаш!
По летната драма, Ирвинг сега не сака повеќе да чека и побарал трејд, известуваат одредени американски медиуми. Или сега ќе го разменат или како слободен играч за неколку месеци, па Нетси нема да добијат ништо за него. Рокот за трансфер е деветти февруари, а Кајри се одлучи за заминување по неуспешните кратки разговори за нов договор.
Се предвидуваше дека Ирвинг ќе добие околу сто милиони, но очигледно проблемите со коронавирусот и добро познатиот став на ѕвездата на „мрежичките“ за вакцинацијата, остави траги во односот на кошаркарот и клубот.
Ирвинг сезонава настапи на 40 натпревари, со просек од 27,1 поени по натпревар.