Бруклин му исплаќаше милиони на кошаркар кој не одиграл меч за тимот од – 2015 година!

Дерон

Дерон Вилијамс своевремено важеше за еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата. Во пензија замина пред три години, а добиваше милионска плата до јуни оваа година.

Во 2021 година, кошаркарот стави потпис со Бруклин Нетс, во замена за 98 милиони долари за пет сезони. Незадоволни од неговата игра, челниците на клубот се ослободија со него во 2015 година, но се обврзаа да му го исплатат остатокот од одговорот во пет рати.

Тоа му донесе на Вилијамс заработка од 5,5 милиони долари во наредните пет години. Обврската франшизата да му исплаќа милионска сума на неговата сметка заврши ова лето. Вкупно во кариерата заработи 150 милиони долари, а 27,5 од нив ги доби без да мрдне со прст, односно по завршувањето на кариера.

Во најдобрите денови кога играше за Јута Џез, плејмејкерот запишуваше 21,3 поени и 9,7 асистенции по натпревар.