ФОТО: Бруклин ќе игра со дресови од деновите кога Дражен беше дел од екипата

Бруклин

Кошаркарите на Бруклин Нетс во новата сезона ќе имаат можност да настапуваат во дресови од 90-те години.

Класичниот дизајн се користеше во периодот кога во екипата настапуваа Дражен Петровиќ, Кени Андерсон и Дерик Колман. 

Сезоната 2020/21 е сè уште далеку, но веќе е полна со очекувања кај фановите, кои се надеваат на гголеми успеси заедно со првите ѕвезди на екипата, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг.

Дресот дебитираше во сезоната 1990/91, кога франшизата сè уште играше во Њу Џерси.