• Зоран Мишевски
Ноќва се одиграа единаесет натпревари во најсилната светска лига - НБА лигата.
Мајами беше поразен на домашен терен од Њујорк Никс со 107-116. „Жешките“ уште не може да ја стабилизираат формата. Најефикасен во домашниот пораз беше Тајлер Хиро со 34 поени, а на другата страна се истакна Карл Ентони Таунс со 44 поени и 13 скока. По идиличен почеток и две победи над западните ривали Минесота и Феникс, Лејкерси доживеаја два порази. Вториот беше доста убедлив на гостувањето кај Кливленд со 134-110.
Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен како првиот на кој синот на Леброн Џејмс, Брони, постигна поени. Натпреварот го заврши со два поени и две асистенции за пет минути поминати во игра. Неговиот татко беше најефикасен во гостинскиот тим со 26 поени, додека Ентони Дејвис забележа „дабл-дабл“ ефект од 22 поени и 13 скока. Кај победничката екиоа Мобли запиша 25 поени, Мичел даде 24, а Џерет Ален беше автор на 20 поени и 17 скока.
Портланд ги победи Клиперс со 106-105 со кошот на Диандра Ајтон на минута пред крајот, а во победничкиот тим Дени Авдија имаше „дабл-дабл“ учинок од 13 поени и 10 скока. Кај Клиперси Ивица Зубац го заврши мечот со шест поени и 12 скока.
Во Индијанаполис падна шампионот Бостон со 135-132. Селтикси се вратија од 24 поени негатива и се изборија за продолженија, но пак загубија. Матурим со 30 поени и 11 скокови, а Сиакам додаде 29 поени и 11 скокови кај Индијана. Тејтум беше лидер на Бостон со 37 постигнати поени.
Голден Стејт и без Стеф Кари реди победи. Ноќва славеше над Њу Орлеанс со 104-89.









