„Брони Џејмс ќе се мачи во НБА, немам зборови за овој перформанс“

Синот на славниот Леброн Џејмс, Брони, добива уште повеќе критики на негова адреса, откако веќе одигра неколку натпревари за Лос Анџелес Лејкерс

Поранешни НБА легенди упорно тврдат дека младиот Брони не е на висина на задачата и се чудат зошто повозрасниот Џејмс толку многу инсистираше да го земе син му во својот тим. На претсезонскиот натпревар со Милвоки Бакс, Брони Џејмс одигра шест минути и немаше никаков посебен учинок, освен четири неуспешни шутеви.

Во сите останати статистички категории остана на непопуларната „нула“, а неговиот тим имаше серија од -12 додека беше на паркетот. 

„Немам зборови за овој перформанс. Брони делуваше загубено на паркетот и имаше проблем да се фокусира на тимската игра. Се надевам дека бројките ќе се подобрат во иднина, но засега делува дека нема да биде така“, рече поранешниот играч на Мемфис и Сакраменто, Џејсон Вилијамс. 

И покрај лошото издание на Брони, Лејкерси успеаја да го совладаат Милвоки Бакс со 107-102. Леброн Џејмс придонесе во триумфот со вкупно единаесет постигнати поени.