Бројките не лажат, заслужена МВП награда за Хрватот Марио Хезоња

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња официјално е избран за најкорисен играч (МВП) на шпанскиот кошаркарски шампионат. 

Крилниот играч на Реал Мадрид во Ендеса лигата просечно бележи 17,4 поени, 4,9 скокови и 1,9 асистенции, со што остави најдобар впечаток од целата најтесна конкуренција. 

Покрај Хезоња, во идеалниот тим се најдоа уште Лука Божиќ од Гранада, Жан Монтеро од Валенсија, Тимоти Луваву-Кабаро од Басконија и Давид Деџулиус од Мурсија. 

Хезоња имаше одлична сезона и во евролигата, каде забележа просек од 13,3 поени. Реал Мадрид стигна до финалето на елитното натпреварување, каде беше поразен од грчкиот Олимпијакос.