• Саше Љолес
Центарот на Црвена Звезда, Ебука Изунду, го продолжи договорот со белградскиот гигант и ќе се задржи во црвено-белиот табор до крајот на сезоната 2027/28.
Нигерискиот кошаркар ги задоволи вкусовите на управата и навивачите, а особено е корисен во Евролигата, каде во просек бележи осум поени и четири скока, за само петнаесетина минути на теренот (најдобар учинок во елитата според минутажата на центрите).
Изунду пристигна во Белград минатата година и стана едно од најпријатните изненадувања, не само за навивачите во Србија, туку и за целото натпреварување.
Кариерата ја започна во шпанскиот Бетис, а потоа играше за Стразбур, ФМП, Олденбург и Галатасарај.




