• Горан Упале
Екипата на Џокер од Србија е следниот предизвик на битолски Пелистер во АБА2 лигата. Во третото коло од групата Ц, „зелено-белите“ пред својата публика ќе го пречекаат лидерот на табелата, кој според Вељко Бркиќ е спремен да ја продолжи победничката серија и во Битола.
„Ни претстои многу тешко гостување, против екипата на Пелистер во Македонија. Најважно е да се подготвиме што подобро за натпреварот во овој краток временски период. Се надевам дека ќе се вратиме со позитивен настап од Македонија и со тоа ќе обезбедиме најдобар можен пласман во понатамошниот тек од АБА 2 лигата“, рече Бркиќ.
Пелистерци во првото коло славеа домашна победа над Широки, додека во второто коло беа поразени од Подгорица.