Брендон Пен од Блокотехна избран за играч на колото во Суперлигата

Брендон Пен, кошаркарот на Блокотехна уште еднаш ги покажа своите кошаркарски способности и е избран за играч на првото коло во рамки на Суперлигата. 

Бекот на гевгеличани одигра фантастичен натпревар во Гостивар, и со 37 индекс поени за ефикасност, базирани на 36 запишани поени зад своето име, седум скока, две асистенции и две украдени топки, заслужено го грабна признанието за најкорисен кошаркар на првото коло.

Неговата Блокотехна синоќа го загуби натпреварот против тимот на Гостивар со 94-98, со што се заокружи првото коло од тековната натпреварувачка сезона во Суперлигата. Сега, следи пауза поради натпреварите од завршниот турнир од Купот, предвиден да се одигра претстојниот викенд.