• Горан Упале
Екипата на Бостон Селтикс забележа победа на гости против Орландо со 98-107 и стигна до третото славје во серијата од плеј-офот на НБА лигата (3-1). Актуелниот шампион победи потешко отколку што сугерира резултатот, бидејќи домашниот тим пружи жесток отпор.
Во секоја од четвртините, нијанси одлучуваа во корист на Бостон, а тоа го поткрепува и фактот што на три минути до крајот на натпреварот, резултатот беше израмнет (91-91). Сепак, во клучните моменти гостите од Бостон имаа помирна рака и сега се на чекор до пласман во конференциското полуфинале. Селтикси својата прва меч-топка ќе ја имаат пред домашната публика во вторник вечерта.
Најдобар во тимот на Бостон беше Џејсон Тејтум со 35 поени, Џејлен Браун даде 21, а Кристапс Порзингис 18. На другата страна, Паоло Банкеро го заврши натпреварот со 31 поен, а Франц Вагнер впиша 22 поени.
Брејк забележа и екипата на Индијана Персерс, која на гостински терен славеше против Милвоки на и со тоа поведе со 3-1 во серијата и пред својата публика ќе има прва шанса за влез во полуфиналето.
Мајлс Тарнер беше најефикасен кај победничкиот тим со 23 поени, Арон Нембхард постигна 20 поени, а Тајрис Халибартон уфрли 17 поени со 15 асистенции. Од друга страна, Јанис Антетокумпо имаше 28 поени, 15 скока и 6 асистенции, но не доби соодветна поддршка од соиграчите.
Следниот натпревар ќе се игра во Индијана во ноќта помеѓу вторник и среда.