Бредли Бил е фрустриран, дали ќе исфорсира трансфер во Лејкерси?

Бредли

Дебаклот кај Хјустон Рокетс донесе тажна слика на клупата на Вашингтон Визардс. Одличниот шутер Бредли Бил покажа незадоволство од резултатите, па гестикулираше пред камерите.

За овој момент зборува секој кошаркарски медиум во Соединетите Американски Држави. Веднаш започнаа шпекулации околу негово заминување, а се споменува и името на екипата која е фаворит за да го оствари трансферот.

Бил е водечки стрелец во тековната НБА сезона (34,5 поени по натпревар) и е еден од најатрактивните кошаркари кои би можеле да ја променат играчката средина пред крајот на трансфер периодот.

Лос Анџелес Лејкерс е екипата која е во пол-позиција за неговиот потпис. За да го направи тоа ќе мора да се ослободи од неколку играчи и да го прифати неговиот двегодишен договор со Вашингтон тежок 63 милиони долари.

За 27-годишникот се интересираат уште Мајами, Далас и Голден Стејт.