• Горан Упале
Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло поднел барање за раскин на договорот со Партизан, тврди неговиот агент. Кабокло го поднесе барањето поради доцнење на платата.
„Доцнат две плати. Во договорот има период од триесет дена во кои клубот може да доцни со исплатите“, рече Хазан, агентот на кошаркарот.
Што се однесува до Бразилецот, тој заврши со Партизан и одамна се одјави од Белград.
„Веќе ја донесовме нашата одлука, Бруно нема да игра во Партизан“, изјави Хазан.
Инаку, Кабокло ја шокираше тамошната јавност, бидејќи го напушти Партизан среде плеј-офот од домашното првенство, за да ѝ се приклучи на селекцијата на Бразил.