Браун по елиминацијата на Бостон: Како да умрев...

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја завршија својата сезона по поразот од Њујорк Никс во шестата средба од полуфиналето на Источната конференција. Никс славеа убедливо со 119:81 и со вкупни 4:2 се изборија за пласман во големото финале. По елиминацијата, свој коментар даде Џејлен Браун, кому поразот тешко му падна.

„Работите не ни одеа како што сакавме оваа сезона, немавме среќа. Но, ја држиме главата горе, без оглед на сè. Поразот од Никс го доживеав како да сум умрел. Сепак, отсекогаш ме учеле дека има живот по смртта. Така што сме подготвени за што и да следи, каде и да не однесе патот – јас ќе бидам подготвен“, изјави крилниот играч на Бостон.

Со елиминацијата на актуелниот шампион, НБА лигата ќе добие нов првак оваа сезона.