Браун: Ова се мои браќа и златото говори како однос изградивме

Спротивно од очекувањата и прогнозите, шпанската кошаркарска репрезентација стана европски првак, со седум победи и само еден пораз во групниот сегмент. „Фуријата“ настапи без многу кошаркари и се одлучи да му даде пасош на Лоренцо Браун пред шампионатот.

Скариоло целосно погоди со Браун, кој се најде во идеалниот тим на првенството. Плејмејкерот на шпанската репрезентација Лоренцо Браун тврди дека верувал дека неговиот тим може да ја освои европската титула.

„Тоа беше мојата цел кога се приклучив на шпанската репрезентација. Имав критики од јавноста, поради јазичната бариера, не знам ни зошто... Но, на крајот на денот, сите зборуваме ист јазик на теренот. Не е важно каква боја на кожата си, од каде си, ние сме луѓе . Тоа се мои браќа и златниот медал доволно говори за односот што го изградивме“, рече Браун.

Првпат по неколку децении светот на кошарката има ист европски и светски првак во кошарка.