Браун: Огромна победа, но мора да останеме фокусирани на мисијата

Еден од носителите на играта на Бостон, Џејлен Браун, беше презадоволен по третиот меч и третата победа во финалната серија против Далас. Селтикси го направија првиот „брејк“ и се на чекор до титула во НБА лигата. 

По мечот своја анализа даде ас на Бостон, кој кажа:

„Ова е огромна победа за нас и нешто што долго го чекавме. Игравме добро во текот на целиот натпревар, но во третата четврина бевме перфектни. Сите придонесоа за победата, Причард и Хаузер ги погодија своите шутеви, а тоа на крајот беше доволно за победа. Ова е кошарка, Далас беше во добра серија во четвртиот период, но успеавме да одговориме и да останеме смирени. Погодувавме кога беше најпотребно и пронајдовме начин да победиме. 

Ирвинг имаше одлична ноќ, но тоа не беше доволно за Далас. Мора да останеме фокусирани и да ја завршиме мисијата“.

Доколку Бостон успее и вторпат да победи како гостин во Далас, може уште в сабота да биде крунисан во нов првак на НБА лигата.