Браун и Бонга во супер-ритам, Партизан го покори Анадолу Ефес во Белград

Кошаркарите на белградски Партизан се изборија за вториот сезонски триумф во Евролигата, откако на домашен терен го совладаа турскиот гигант Анадолу Ефес (93-87). 

Домашниот тим одлично го отвори мечот и ги доби првите две четвртини, што резултираше со двоцифрена предност на паузата меѓу двете полувремиња (55-43). Анадолу Ефес возврати со силен трет период, во кој постигна 26 поени, наспроти десетте на Партизан. 

Последните десет минути започнаа со добра игра на српскиот тим, искористија домаќините неколку пропусти во одбраната на ривалот и стигнаа до +7 поени. Се обиде Анадолу Ефес во самиот финиш да внесе повеќе драматичност, но тимот на Жељко Обрадовиќ ја сочува предноста и победи со конечни 93-87. Стерлинг Браун беше автор на 24 поени во славеничкиот тим, а на спротивната страна ист учинок имаше Ајзеа Кординие. 

Грчкиот Панатинаикос ја забележа втората победа во елитното натпреварување и славеше на гостувањето кај Басконија со 84-86. Најефикасен играч кај „детелинките“ беше Кендрик Нан со 30 поени и шест скокови. 

Олимпија Милано и Монако одиграа возбудлив и многу неизвесен натпревар, во кој гостите се изборија за триумф со 79-82. За францускиот тим ова е втора победа во новата сезона.