ВИДЕО: Браун доби удар во меѓуножјето, а неколку секунди подоцна пукна аркадата на Харт

Бостон Селтикси славеа во мечот со Њујорк Никси (127-102) и се одржаа во четвртфиналната серија од НБА лигата на 3-2. Една акција од натпреварот во „ТД Гарден“ привлече внимание, бидејќи во истата се случија две драматични ситуации.

Прво во зачетокот на акцијата Џејлен Брансон кој ја водеше топката со лакт го удри Џејлен Браун во меѓуножјето. Асот на Бостон падна и акцијата ја мина на паркетот. Во истата акција топката заврши кај Џош Харт кој тргна да положува, а тогаш Лука Корне ненамерно во обид да блокира го удри со лакт в лице. 

Харт доби крвава аркада и мораше да му биде превиткана главата пред да се врати на паркетот.