Браун доби отказ во Филаделфија, Тајрон Лу најсериозен кандидат да го наследи

Тренерските смени на одредени екипи кои не се квалификуваа во разигрувањето на НБА лигата се честа појава и сезонава. Екипата на Филаделфија да му врачи отказ на американскиот кошаркарски стратег, Брет Браун, кој цели седум години беше на клупата.

Според ЕСПН, првите ѕвезди, Жоел Ембид и Бен Симонс ќе останат и понатаму во тимот кој сега ќе има нов предводник од клупата.

Во преден план се наметнува Тајрон Лу, кој е дел од стручниот штаб на ЛА Клиперс. Во игра е Џеј Рајт кој работи во еден од колеџите во Соединетите Американски Држави.