„Братскиот“ дуел за поискусниот, МЗТ впиша трета победа во низа

Кошаркарите на МЗТ Скопје впишаа планирана победа на своето конто во Првата кошаркарска лига во Македонија, откако вечерва со сигурни 75-97 славеа на „братскиот дуел“ со МЗТ Скопје 2. 

  • Комплетниот натпревар меѓу МЗТ Скопје Уни Банка и МЗТ Скопје Аеродром: 

Така, шампионот полека, но сигурно влегува во ритам и ја врза својата треба победа во домашниот шампионат, по болниот пораз во Битола од лидерот Пелистер (88-85). Со оглед на квалитетот и искуството на двете екипи, се очекуваше дека момците на Кочов без многу проблеми ќе стигнат до посакуваната победа, но на терен не изгледаше така, затоа што младите „металци“ одиграа сосема коректни први 20 минути, но во третите имаа голем пад и му ја препуштија победата на поискусниот ривал. 

Првите две четвртини минаа во целосно израмнета игра, МЗТ Скопје 2 знаеше да одговори на секој налет на фаворитот и не дозволуваше резултатско одлепување, па на полувреме се замина со позитива на шампионот од само три поени (39-42). Но, во третите 10 минути, МЗТ влезе во ритам и се избори за разлика од 17 поени (17-34) која во финалниот период беше недостижна за младите кошаркари. 

Крстевски со 19 поени и Олуџоби со 18 поени беа најпрецизни во таборот на победничкиот тим, додека кај МЗТ Скопје 2 се истакна Монтгомери со 15 поени.