• Саше Љолес
Управата на црногорскиот кошаркарски клуб, Подгорица, го потврди трансферот на Алекс Адетокумбо, кој веќе им се приклучи на новите соиграчи и следната сезона ќе се натпреварува во АБА2 лигата!
Братот на славниот Јанис Адетокумбо за првпат ќе се испроба во јадранското друштво, а воедно ќе допатува и во Битола, каде неговиот тим ќе ги одмери силите со екипата на Пелистер. Помладиот Алекс настапува на крилната позиција, а минатата сезона ја мина во литванскиот Мажеикај, каде просечно бележеше 8,3 поени по натпревар
Подгорица прво ќе се соочи со македонскиот претставник на домашен терен, а во Македонија ќе пристигне во последното коло од групата Ц, кое е закажано за 17 декември годинава. Во оваа конкуренција се уште екипите на Вршац и Широки Бријег, а Пелистерци ќе се обидат да остварат добар впечаток и ќе се обидат да се пласираат во разигрувањето, каде ќе патуваат првите две екипи од сите групи.
Првиот предизвик во АБА2 лигата битолчани ќе го имаат пред своите гледачи, на мечот против Широки, кој е закажан за први октомври.