• Саше Љолес

Александар Петровиќ повторно има сериозен тренерски ангажман во кариерата. Братот на трагилчно загинатиот Дражен Петровиќ се враќа на клупата на Бразил, со кој ќе се обиде да избори пласман на Олимписките игри во Париз.
Петровиќ со себе ќе има неколку соработници, а еден од нив ќе биде и екс-играчот на Сан Антонио Спарс, Тијаго Сплитер, кој беше НБА шампион во сезoната 2013/14.
„Навистина сум горд и среќен. Се вратив во Бразил и со националниот тим веднаш ќе се фокусираме на квалификацискот турнир за Олимписките игри. Сакаме да имаме свое место во Париз, тоа ни е целта“, изјави Петровиќ.
Бразилскиот тим ќе настапи на турнирот кој ќе трае од 2 до 7 јули, а во групата за противници ќе ги имаат селекциите на Црна Гора и Камерун. Александар Петровиќ веќе беше селектор на Бразил во периодот помеѓу 2017 и 2021 година.