• Иван Димовски
Њујорк Никс ја освои шампионската титула во НБА лигата, откако со 4-1 во финалната серија го совлада Сан Антонио Спарс. Во петтиот натпревар Никси славеа со 94-90 на гостински терен во Тексас и така стигнаа до третата титула во историјата на франшизата, а прва по далечната 1973 година.
- Сан Антонио Спарс - Њујорк Никс:
Како и на претходниот натпревар, тимот од Њујорк направи голем пресврт. Никси успеаја да надоместат највисока негатива од 16 поени за на крајот да стигнат до шампионскиот трофеј.
Најзаслужен за победата беше Џејлен Брансон, кој одигра фантастичен натпревар и постигна 45 поени. Со ова кошаркарот кој беше одбран за МВП во финалето израмни рекорд на Мајл Џордан од 1998 година. Имено, Брансон и Џордан се рекордери по бројот на поени во еден гостински меч од финалните серии во НБА лигата.
MJ. BRUNSON. THAT'S THE LIST.
Jalen Brunson tied Michael Jordan (Game 6, 1998) for the MOST points (45) on the road in an NBA Finals-clinching game!
The NBA Finals MVP delivered a HISTORIC performance to bring the Knicks their first championship in 53 years. pic.twitter.com/Wv0XhTT8wU
— NBA (@NBA) June 14, 2026
Одлична поддршка имаше од Микал Бриџис со 14 поени, Џош Харт кој запиша 13 поени и 11 скока, како и Оу-Џи Ануноби со 11 поени и 8 скока.
Кај Сан Антонио најпрецизен беше Дилан Харпер со 25 поени, додека Виктор Вембањама натпреварот го заврши со 19 поени, 14 скока и пет блокади. Џулијан Шампејни додаде 14 поени и седум скока, но тоа не беше доволно за Спарс да го избегнат поразот во финалната серија.

