• Иван Димовски
Џејлен Брансон го освои признанието „Џери Вест“ кое се доделува во последните три години, а е наменето за најдобар кошаркар во НБА лигата во клучни моменти или „клач играч“.
НБА го прогласи Брансон од Њујорк Никс за добитник на наградата откако собра најмногу гласови. Асот на Никси ја заврши трката со 426 поени вкупно оставајќи го зад себе Никола Јокиќ. Србинот заврши со 312 поени, повеќе од сто поени помалку од освојувачот.
The 2024-25 Kia NBA Clutch Player of the Year is... Jalen Brunson!#NBAAwards | #KiaClutch | @Kia pic.twitter.com/TAMjcBF4ER
— NBA (@NBA) April 23, 2025
Далеку зад водечкото дуо завршија Ентони Едвардс (47), Тре Јанг (44), Стеф Кари (27)...
Претходно оваа награда ја добиваа Стеф Кари и Диарон Фокс.