Браќата Кари конечно заедно, Сет се сели во Голден Стејт Вориорс

За првпат во своите кариери, браќата Кари ќе играат во ист тим. Стеф и Сет станаа соиграчи во Голден Стејт, откако франшизата од Сан Франциско одлучи да го ангажира „помалку популарниот“ Кари пред почетокот на сезоната, кој на тој начин доби можност да игра со својот брат и да се бори рамо до рамо со него за титулата.

Човекот кој во текот на кариерата бележи многу респектабилни 43,3 проценти поени од дистанца, ќе го потпише таканаречениот договор „ Exhibit 9“ што му овозможува да помине низ тренинг камп со Голден Стејт, а потоа ќе биде ослободен и повторно ангажиран за еден месец.

Планот е да помине низ подготовки со Вориорси и да избегне дополнителни даноци, а потоа на почетокот на регуларната сезона повторно ќе биде достапен за Голден Стејт, кој со овој потег доби дополнително решение на надворешните линии и докажан кошаркар кој може да направи разлика од клупата.