
На крајот од преодниот рок во НБА лигата, Марк Гасол си замина од Мемфис и се пресели во екипата на Торонто.
Сега се шпекулира дека тимот од „Ер Канада Центар“ би можела да тргне и по Пау Гасол, постариот брат на Марк. 38-годишниот ветеран побара да си замине од Сан Антонио кој сепак не пронајде екипа која ќе сака да ги добие неговите услуги.
Пау е третиот најплатен кошаркар во редовите на Спарси со 16,8 милиони долари, но честите повредите му сметаат на Грег Попович.
Екипата од Тексас планира да го откупи неговиот договор и да го направи слободен агент, што ја отвора вратата на Репторси. Доколку постои вистинска желба за негов ангажман, рокот до кој што треба да биде постигнат договор е 1 март.
Доколку тоа се случи, за центарската позиција во Торонто ќе конкурираат двата браќа Гасол...