Брајант: Помина 1992, сега на САД ќе им биде тешко против секого! 

Легендарниот Коби Брајант смета дека на репрезентацијата на САД ќе ѝ биде сè потешко да доминира во светската кошарка на меѓународните турнири, без разлика кои играчи ќе ги има во составот. 

Големиот фаворит на Мундобаскетот во Кина пред неколку дена ги разочара своите фанови и забележа елиминација уште во четвртфиналето, а вчера преку Полска успеа да се избори за само седмото место. 

„Поминаа тие денови од 1992 година. Веќе неколку години остатокот од светот е тука некаде со нас. Дојде време кога САД нема да може така да доминира како што беше кога ние бевме дел од „дрим-тимот“. Едноставно секаде се игра квалитетна кошарка, па затоа мислам дека во Токио ќе биде уште потешко“, рече Брајант. 

Со „дрим-тимот“ на САД, легендата на Лос Анџелес Лејкерс своевремено двапати стана олимписки шампион.