Брајант: Да ја имаше мојата работна етика, Шек ќе беше најдобар на сите времиња

Коби Шек

Фановите на Коби Брајант неодамна имаа можност да го слушнат својот идол како раскажува интересни анегдоти од кариерата, кои никогаш досега не ги открил на јавноста.

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс направи едночасовно интервју и зборуваше за односот со Мајкл Џордан, напорните тренинзи, работните навики во кариерата и за својот некогашен соиграч Шекил О'Нил.

Токму зборовите за Шек најмногу ги заинтересира навивачите кои со аплауз ја поздравија неговата искреност. На прашањето каде ќе беше корпулентниот центар со неговата амбиција и глад за успех, Коби рече:

„Ќе беше најдобриот на сите времиња. Немаше да има никаква дебата. Тој самиот ќе ви го каже тоа. Неговата сила беше како никоја друга што сум ја видел. Тоа беше лудо да се гледа“.

Коби и Шек формираа убиствено дуо на стартот од новиот милениум, но меѓусебните односи и различните карактери ги натераа да се разделат со три заеднички шампионски прстени.