Божиќен подарок за „штрковите“: Самарџиски се врати во МЗТ Скопје

По повеќе од три години, македонскиот кошаркарски репрезентативец, Предраг Самарџиски повторно ќе го облече дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако утрово потпиша договор со вицешампионотрѓ со важност до крајот на сезоната.

Центарот се враќа во добро позната средина, каде што настапуваше во сезоната 2014/15, во која дојде до шампионската титула со „металците“. Центарот минатите две сезони беше кошаркар на Мега Лекс, додека во „Јане Сандански“ доаѓа како слободен агент и се очекува да ја пополни празнината во рекетот поради подолгото отсуство на Љубомир Младеновски, кој веќе втор месец се рехабилитира по скршеницата на раката, а која заздравува побавно од очекувањата. 

Корпулентниот центар кариерата ја почна во екипата на Водњански лисици, а уште како тинејџер замина во белградски Партизан. Досега играше и за екипите на ФМП, Црвена звезда, Лиетвос Ритас, Олин Едирне, Мерсин, ТЕД Анкара и Бујукчекмече.

За репрезентацијата на Македонија дебитираше во 2008 година, а последниот настап во дресот со државниот грб го имаше на Евробаскетот во 2015 година во Загреб.