ВИДЕО: Бостон во меч со 274 поени славеше над Клиперси, сигурна победа и за Оклахома

Во пресрет на долгоочекуваниот Ол-стар викенд во Чикако, ноќва во НБА лигата се одиграа само два натпревари, од кои едниот беше вистински спектакл во режија на кошаркарите на Бостон Селтикс и Лос Анџелес Клиперс.

Во „ТД Гарден Арена“ во Бостон домашната екипа извојува значајна победа над големиот ривал, во натпревар на кој беше постигнати 274 поени. По продолженијата Селтикси беа поуспешни од Клиперси, победувајќи со 141-133 (114-114).

Татум со фантастични 39 поени, девет скока и една асистенција, беше водечка сила на Бостон, а голема поддршка доби од Смарт, кој запиша 31 поен. Во редовите на Клиперси прв стрелец беше Вилијамс со 35 поени. 

На вториот натпревар, Њу Орлеанс Пеликанс потклекна пред Оклахома Сити Тандерс и загуби со 118-123 и по двата порази во низа конечно ги израдува своите фанови. 

Галинари со 29 поени беше најпрецизен во победничкиот табор, додека кај домаќините се истакнаа Вилијамсон со 32 и Редик со 24 поени.